Не дозволувајте да ве излажат продавачите, пред ги извадите парите од паричникот, обрнете внимание на квалитетот на бостанот. Во изборот многу ќе ви помогнат овие совети:
1. Најпрво добро анализирајте ја кората
Боја. Правилото е дека зад темнозелената боја се крие слатка лубеница, а ако таа е дополнително обележана со природен „белег“, нема грешка, лубеницата треба да биде ваша.
Форма. Лубеницата треба да има симетричен облик, овален или кружен.
Цврстина. Кората треба да биде цврста и без оштетувања, иако површинските бразди не значат ништо. Ако наидете на меки делови, тоа значи дека лубеницата почнала да скапува.
Дршка. Дополнително ќе ви помогне и мирисот на дршката. Добро е кога во овој дел лубеницата мириса на трева. Свежината можете да ја утврдите и доколку кога ќе се исече дршката, од неа потекува леплив сок. Исто така, завиената дршка може да биде знак на зрела и свежа содржина.
2. Подигнете ја во воздух и процените ѝ ја тежината
Со оглед на тоа дека 90% од лубеницата е вода, зрелата лубеница би требала да биде тешка колку што е голема. Ако е премногу лесна, значи дека не собрала доволно вода и дека не е вкусна и здрава.
3. Погледнете ја страната на која лежела лубеницата
Таа може многу да ви открие. Доколку е нејзината површина со бела или светлозелена боја, знајте дека е прерано набрана и не купувајте ја. Зрелата лубеница има „белег“ во крем или жолта боја, кој сведочи дека доволно долго се „излежувала“ на сонце. Немојте да се двоумите, веднаш купете ја и разладете се со сочниот летен плод богат со витамини и минерали.
4. Чукнете
Иако многумина се задржуваат само на овој метод на проверка при купувањето, ние го препорачуваме за последен. Удрете ја лубеницата, ако звукот е длабок, таа е спремна за јадење, доколку е остар и краток (не одѕвонува) значи дека не е зрела. Доколку е тап (шуплив), лубеницата е презреана.