Како да и пристапите на секоја личност која ќе ја посакате?

Постојат два типа на девојки: оние кои освојуваат и оние кои се освојувани. Постојат два типа мажи: оние кои ловат и оние кои чекаат на девојката.

Меѓутоа, сите овие четири групи, на овој или оној начин, се приклучуваат на играта на флертување и додворување. Оние кои го повлекуваат првиот потег ризикуват да бидат одбиени, а тоа секако не е убаво чувство. 

За да го намалите овој ризик, ви предлагаме 5 начини за пристапување и шармирање на личноста која ќе ви падне во око.

1. Употребете ја познатата реченица: „Мислам дека веќе се знаеме?“. Да, можеби е многупати употребувана. Можеби е и малку клише. Но, сепак е одличен начин да се започне разговор. На тој начин можете да истражите кои ви се заеднички познаници, па потоа и преку нив да издејствувате уште едно заедничко излегување и со тоа ќе ви се остави простор за шармирање.

2.  Суптилно искористете ги вашите модни додатоци за да започнете разговор. Ова е поприкладен начин за девојките. Едноставно „случајно“ удрете го со вашата чанта и невино насмевнете се и извинете се. На тој начин ви се остава простор да започнете разговор, а ретко кое машко ќе ве одбие за запознавање.

3. Можете да го употребите старио познат метод на судирање на улица. Повторно извинување, насмевки, флертување и ова ви е одличен метод да ја покажете вашата духовитост и шарм во целиот сјај.

4. Едноставно пријдете и речете: „Те забележав од другата страна на улицата/кафулето/автобуската станица. Може ли да се запознаеме?“. Ова е навистина ризичен потег и за мажите и за жените, но на луѓето им недостига директноста и отвореноста, така што речиси е сигурно дека нема да бидете одбиени.

5. Иако многумина се скептични и превртуваат со очи, зошто да не се обидете со употребување на интернетот и социјалните мрежи? Ако некоја личност ви се допаѓа, најдете кои ви се заеднички познаници и така додајте ја на Фејсбук. Секако дека се што е виртуелно е полесно. Секако, ова треба да е последниот начин, доколку не ви текнало нешто подобро. Не го сведувајте целото додворување на лајкување песни и статуси.

new nike air max 2019