Како да го одржите интересот на личноста која ви се допаѓа во комуникацијата на социјалните мрежи?

Комуникацијата на социјалните мрежи или пораките започнува, но понекогаш се чувствувате како да не ја познавате играта или пак ја играте на лош начин?

Важно е да ги знаете следните нешта.

Почеток

Поставете добро прашање, допишувањето започнете го со јасни и кратки прашања кои на другата страна ќе и покажат дека сте заинтересирани, но не поставувајте пресложени прашања на кои е тешко да се одговори. Нека тоа биде нешто конкретно и поврзано со таа личност. Бидете директни и оригинални, но немојте да се трудите премногу и предолго да ги смислувате прашањата. Сепак станува збор за онлајн комуникација.

Одржете ја атмосферата

Ставете и до знаење на другата страна дека сакате да ја продолжите комуникацијата со отворени прашања, но и со давање одговор на поставените прашања. Интересирајте се за тоа што го прави тој/таа и покажете дека сте заинтересирани. Но, бидете и духовити и забавни.

Флертувајте. Ако сте стигнале до нивото кое е погодно за флерт, тогаш би било добро да се опуштите и да навлезете во мал флерт.  Но, секогаш оставајте простор и отворени прашања за да продолжи комуникацијата.

Бидете интересни. Зборувајте за себе, за својот социјален живот и своите пријатели.

Добар крај

не дозволувајте комуникацијата да се одвива само на социјалните мрежи. Поканете ја личноста на кафе или пак одговорете позитивно на поканата за кафе/пијалок.

Работи што не треба да ги правите

Немојте да поставувате прашања од типот „дали ја доби пораката?“ Освен доколку го изгубила личноста телефонот (што е редок случај), пораката е стигната и очигледно не почувствувале потреба да одговорат веднаш. Немојте да се ставате себеси во непријатна ситуација.

Немојте да испраќате повеќе пораки по ред и да прашувате „дали си тука?“

Немојте да одговорате пребрзо.

Не ја продолжувате комуникацијата доколку другата страна прави обид да ја заврши комуникацијата.

Не праќајте премногу смајли.

Не ги откривајте своите чувства во порака. Оставете го тоа за средбите во живо.