Како да го декорирате домот, според вашиот хороскопски знак

Постои одредено чувство на спокој и магија кога ќе влезете во вашиот дом, особено доколку тој е уреден онака како што вие сакате. Изборот на најдобрата боја и стил не е најлесниот избор, но хороскопот може да ни помогне во тоа.

Овен : црвена, портокало, темно портокалова, златна

Овните се водени од планетата Марс што значи дека во својот дом тие сакаат чувство на моќ, самодоверба, но и акција. Тие се многу силни и активни и затоа им се потребни смели дизајни и бои кои се соодветни на моќта на родените во овој знак.

Бик : крем, сина, кафена и земјени тонови

Бидејќи Бикот е земјен знак, тој има афинитет кон земјените бои. Во однос на дизајнот, на Биковите им одговара цветен дизајн, или пак светли бои на сина. Родените во овој дизајн сакаат луксузен дизајн и многу килими и удобни перници. Сакаат практичност, но и скап мебел во нивниот дом.

Близнаци : портокалова, зелена, светло жолта

Близнаците се весели личности и тие сакаат светли бои во нивниот дом. Тие сакаат убава енергија во нивниот дом и секогаш ќе се потрудат повеќе како да се внесат елементи кои ќе ги направат среќни, отколку скапи работи кои ќе ги привлечат нивните гости. Тие сакаат лесен и модерен мебел, кој ќе создаде атмосфера во која секогаш можат да прават забави и пречекуваат гости.

Рак : бела, сребрена, сина, лаванда

За Раковите, вистинскиот мир се наоѓа во домот. Затоа, тие сакаат топол и пријатен дом кој ќе биде нивното бегство од суровата реалност. Тие не сакаат храбри дизајни и строги тонови, туку пријатност и топлина. Во секоја од собите, Раковите сакаат да има придушена светлина и свеќи. Сакаат дрво, интересни нежни теписи и многу тонови на бело и сребрено.

Лав : жолто, златно, тиркизно, бордо црвена

Како центар на соларниот систем, родените во овој знак се однесуваат како да се центар на светот. Тие сакаат дом кој одговара на нивното его. Сакаат динамичен дом, со уметнички дела, маски на ѕидот и простор кој ја отсликува нивната личност. Лавовите не сакаат евтини предмети и во нивниот дом ќе видите многу, многу луксуз.

Девица : крем, бела, темно сина, окер

Кога се дома, тие навистина сакаат да се чувствуваат баш како дома. Тоа е така бидејќи многу од Девиците ја сакаат работата и минуваат повеќе време на работа, отколку во својот дом. Сакаат скромен и класичен дом, без премногу детали и со смирени бои. Сакаат квалитет и големи прозорци кои ќе им овозможат да уживаат во природата надвор, но и се трудат често да ја пренесат во својот дом.

Вага : светло розова, лаванда, сина, светло сина

Повеќе од сѐ, тие ги ценат односите со луѓето. Нивниот дом е елегантен, нежен и полн со живот и убавина. Тие не сакаат интензивни работи и сакаат домот да изгледа природно, без претерана организираност.

Тие сакаат уметност, но тоа не мора да се познати уметници, туку интересна, убава и нежна уметност. Сакаат убава маса во трпезаријата и пријатен и комфорна гарнитура во дневната соба.

Шкорпија : Црна, крваво црвена, боја на слива, индиго

Родените во овој знак се мистериозни и сензуални и тие сакаат интензивност во нивниот дом кој ќе одговара на нивното интензивно расположение. Тие сакаат интимност и приватност и сакаат завеси и свеќи во домот. Ја користат својата заводничка природа и при уредувањето на домот, оставајќи секогаш нота на мистерија во него.

Стрелец : Неутрални бои, зелена, боја на слива, тиркизна и црвена

Како Стрелец, овие луѓе се склони кон постојана желба за патување и во својот дом сакаат многу предмети кои ќе ги потсетуваат на нивните патувања. Стрелците сакаат работи кои имаат значење. Наместо како гнездо, тие ќе сакаат нивниот дом да биде како шатор. Понекогаш пренатрупан, но тој е нивното омилено место.

Јарец  : Морска сина, бела, зелена, сива

Иако понекогаш посакуваат да се поспонтани, но тие се најодговорниот знак од хороскопот. Нивниот дом е традиционален, но тој го отсликува нивниот карактер. Јарците не сакаат премногу бои, сакаат многу дрво и бајковит дизајн.

Тие повеќе би инвестирале во нешто што е комфорно и практично, отколку во скап дизајн кој ќе им се допадне на другите. Сакаат историски стил и антиквитети.

Водолија : сина, тиркизна, виолетова, сребрена

Водолијата ги сака боите, но оние кои ја потсетуваат на морето и водата. Тие сакаат мебел кој остава впечаток и кој е рефлективен и во интересни бои. Сакаат футуристички детали. Често сакаат гости, но не само блиски пријатели, туку и познаници кои ќе го посетат нивниот дом и кој ќе уживаат во неговата автентичност.

Риби : светла лаванда, сина, праска, сребрена, тиркизна

Рибите се многу чувствителни за потребите на другите луѓе. Тие ја сакаат водата и како и Водолиите сакаат таа да се отсликува во нивниот дом. Сакаат природни елементи и дом кој остава впечаток на сон, плажа или едноставно некое место во кое може да избегаат. Сакаат смиреност и топлина.