Љубов и секс
8. July 2016 - 16:21

Како да ги заведете родените во знакот Водолија?

Ова се неколку нешта што треба/не треба да ги правите доколку сакате да освоите една Водолија.

Да

Бидете подготвени со нив да разговарате на различни теми. Доколку сте личност која може да зборува на различни теми, ќе бидете обожавани од нив.

Изненадете ги со нешто оригинално. Тие сакаат изненадувања – колку пооригинални, толку подобро.

Немојте претерано да ги врзувате за себе. Ним им е потребен простор за да бидат среќни.

Ценете ја нивната посветеност за хуманистичките идеи и идеалите посветени за човештвото.

Најпрво доближете се до нивниот ум, а потоа до нивното тело.

Не

Немојте да бидете претерано нападни. Тие лесно се плашат и се повлекуваат во својот хармоничен свет.

Немојте брзо да барате сериозна врска и не се обидувајте да бидете единствената планета во нивниот универзум.

Немојте да ги терате да го сменат мислењето за нешто, дури и кога не се сложувате со нив. Тие мислат дека знаат најдобро.

Немојте да ги прашувате што се случува кога им лутаат мислите. Нема да ви одговорат или речат било што, ако се чувствуваат како да се принудени.

Немојте да се мешате во нивниот стил. Тие сакаат да бидат поинакви од другите.