Како да ги препознаете знаците на депресија кај децата?

Децата (исто како и возрасните) можат да бидат депресивни. Понекогаш, тие делуваат најнормално, но депресијата сепак се случува. Таа настанува како резултат на хемискиот дисбаланс во мозокот.

Постојат знаци кои можете да ги забележите кај своите деца. Барањето помош е клучно за умствената свесност и добросостојба кај децата.

Ова се знаците кои можете да ги забележите.

Тешкотии во спиењето

Замор и недостаток на енергија

Постојано чувство на вина

Тешкотии во размислувањето, носењето одлуки и концентрацијата. Тоа може да се забележи и во оценките на училиште.

Постојано размислување за смрт или самоубиство

Губење апетит и телесна тежина

Намален интерес за секојдневните активности

Што да направите доколку вашето дете е депресивно?

Ограничете го користењето на технологијата

Технологијата не им помага на луѓето да се чувствуваат помалку депресивно. Иако на моменти, таа може да предизвика позитивни чувства, сепак на долг рок, таа е многу опасна за секоја депресија. Ограничете го времето за децата за гледање телевизија, играње игри и гледање видеа. Според експертите, децата кои поминуваат повеќе време со електронските уреди, имаат значително поголем ризик за анксиозност и депресија.

Помогнете им да се занимаваат со активности кои ќе ги одалечат од лошите мисли

Поминете време со нив, потрудете се да разговарате. Иако значајно е на почетокот да се одреди коренот на депресијата, сепак исто така е важно да утврдите што му помага на вашето дете, а што влијае негативно за да можете да направите план за натамошно делување.

Потрудете се да минуваат време надвор

Однесете ги во природа, на планина, базен. Потрудете се да минуваат повеќе време надвор и да се вклучуваат во активности со други деца.