Како да ги идентификувате токсичните пријатели?

Одржувањето на пријателствата е особено потешко кога стануваме возрасни личности, а во исто време среќавањето нови луѓе е тежок предизвик.

Затоа, треба да бидеме особено внимателни кои пријатели се нашите вистински пријатели или пак тоа се токсични пријателства од кои треба да се ослободиме.

Ве истоштуваат

Потојат многу причини зошто некои пријателства ве истоштуваат. Доколку сте интровертна личност, понекогаш е тешко да се комуницира со екстровертни личности. Но, токсичните пријателства навистина истоштуваат. Дали вашиот пријател е секогаш негативен? Дали постојано даваат критични забелешки? Дали даваат лоши коментари за другите луѓе околу вас? Овие луѓе секогаш тргнуваат од своите несигурности и се обидуваат да ги навредат и омаловажат другите. Кога одредена личност постојано се обидува да најде недостатоци кај другите, а особено и кај вас како пријател, тоа може многу да биде истоштувачки. Луѓето кои се среќни и исполнети, никогаш не даваат такви лоши коментари за другите луѓе.

Земаат повеќе отколку што даваат

Тие бараат внимание, поддршка и го трошат вашето време и енергија. Тие се само заинтересирани за пријателство кое им носи некакви бенефити. Обрнете особено внимание на луѓето кои не ракоплескаат кога победувате. Ако некој постојано бара нешто од вас, без да ви даде нешто, тогаш дефинитивно станува збор за токсичен пријател.

Никогаш не признаваат кога грешат

Признавањето на грешката, извинувањето и учењето од грешките е една од основните карактеристики на секоја здрава индивидуа. Дури и кога несакајќи сме повредиле друга личност, наша обврска е да ја прифатиме својата одговорност кога сме навредиле или повредиле друга личност. Токсичните пријатели сметаат дека само нивното мислење е важно и тие не се грижат воопшто за тоа како се чувствувате.