Како да бидете оптимисти во новата 2017 година?

Да се биде оптимист не значи да се биде наивен, туку значи да се биде позитивен за работите кои се случуваат во нашиот живот. Оптимистите имаат јасна визија за среќата и самоуверено работата на остварувањето на својата визија и цели.

Оптимистичкиот став има голема улога во јакнењето на имунилошкиот систем, но и дава дополнителна сила за тешките моменти.  Луѓето кои се оптимисти се генерално поздрави, имаат посилно срце и се верува дека живеат подолго. 

Но, што е потребно за да се биде оптимист?

Избегнувајте негативни луѓе

Негативните луѓе се како црн облак. Тие им се наметнуваат на другите луѓе со својот негативен став и прават и другите да се чувствуваат лошо како и тие самите. Наместо да минувате време со негативни луѓе, потрудете се да ги избегнувате и окружете се себеси со позитивни луѓе. 

Размислувајте позитивно

Обидете се секојдневно да  внесувате позитивна мисла во вашето живеење. Треба да знаете дека луѓето кои се фокусираат на невозможни работи, често стануваат песимистични бидејќи не можат да ги исполнат. Затоа, фокусирајте се на малите работи и бидете позитивни. 

Занимавајте се со физичка активност

Вежбањето е од клучна важност за здравје и среќа. Тоа го подигнува нивото на ендорфин и е силна алатка во зголемување на физичкото, умствено и емоционално здравје. 

Водете позитивни разговори

Не дозволувајте вашите разговори да добијат негативен теон. Секогаш трудете се да зборувате за позитивни работи кои ве инспирираат и поттикнуваат да бидете среќни и подобри.

Бидете благодарни

Благодарноста привлекува позитивна енергија. Затоа, бидете благодарни и од најмали ситници во животот, развивајте позитивно расположение и така ќе чувствувате повеќе ентузијазам кон нештата кои ги правите. Затоа, одвојте барем мал дел од вашето време за да бидете благодарни за нешто.

Насмејте се

Тоа нека ви биде главната задача за почетокот на денот, секој ден. Насмејте се. Истражувањата покажуваат дека смеењето го подобрува расположението, го подобрува уживањето во малите нешта и ја намалува физичката и емоционална болка.

Правете го тоа што го сакате

Иако ретко постои личност која ја сака својата работа, сепак многу корисно би било доколку по работното време правите нешто што сакате да правите, нешто што ве прави среќни.

Читајте позитивни мисли

Тоа може да биде мисла, цитат, стих или пак друг израз кој има позитивно влијание. Секојдневното користете го овој пристап за да го намалите стресот и да си дадете позитивна енергија за да се справите со обврските и задачите.

Јадете здраво

Докажано е дека исхраната значително влијае на расположението. Хранете се здраво, од овошје и зеленчук, до житарици и белковини. Пијте многу вода и свежи сокови.