Како би ја објасниле црвената боја на слепа личност?

Црвената боја е топлината во нашите образи кога помислуваме на личноста која ја сакаме. Тоа е оганот во нашето тело кој го чувствуваме кога алкохолот минува низ нашето грло.

Тоа е огнометот. Црвената боја е чувството кое го имаме кога на нашата кожа чувствуваме допир од оние кои ги сакаме. Таа е гласниот звук на тапанарот за време на нашата омилена песна. Тоа е рифот на гитарата кога се губиме во занесот на песната со која созревавме.

Црвената боја е бојата на нашиот омилен кармин. Таа е моќ, таа е страст и бојата на љубовта. Таа е бојата кога сакаме, кога сме бесни, кога мразиме и кога чувствуваме премногу.

Црвената е бојата на животот.