Кај Зоил: Се паркирала пред зграда, и излегол со безбол палка

Вчера околу 08 часот во Скопје на улицата “11-ти Октомври“ кај автобуската постојка спроти зградата на „ЗОИЛ“, 37-годишниот С.Н. кој управувал патничко моторно возило „БМВ“ при караница поради сообраќајот, на 29-годишната А.Т. од Скопје, која управувала патничко моторно возило „Алфа Ромео“ и ја скршил колата со безбол палка.

Имено, А.Т. го блокирала излезот од зградата на наведената улица, а С.Н. изреволтиран заради тоа, со безбол палка  го искршил левиот фар од нејзиното возило и го напуштил местото на настанот.

Кратко по пристигнување на полициски службеници на место на настанот, С.Н. сам се пријавил и се вратил на местото на настанот. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.