Кафе со вкус на ѓумбир (по рецептот на Старбакс)

Еден од најпознатите американски брендови Старбакс за многу љубители на кафето го нуди највкусното кафе на светот. Понудата е особено богата за време на зимата и божиќните празници.

Вкусот на кафе со домашните и бабини колачи е одлична комбинација. Покрај тоа, ѓумбирот е една од супернамирниците кои полека го освојуваат нашето срце, поради лутиот вкус, но и поради големото богатство на здравствени бенефити. Ѓумбирот помага во намалување на подуеноста на стомакот и ни помага да се справиме со мачнините.

Но, како да подготвите кафе со ѓумбир, по примерот на Старбакс?

Потребни состојки

2 шолји вода

180 гр шеќер во прав

2 лажици иситнет ѓумбир

1 лажичка цимет

1 лажичка ванила (или екстракт од ванила

Сите состојки измешајте ги во сад со средна големина. Мешајте додека не почне да врие, а потоа намалете го оганот и оставете да крчка околу 15 минути непоклопено со капак. Тргнете го садот од оган, поклопете го  и оставете да отстои.

Во меѓувреме, направете си кафе онакво какво што обожавате да конзумирате. Во половина шолја од кафето додадете 90 мл од сварениот сируп со ѓумбир. Додајте малку загреано млеко и промешајте.

Уживајте во убавиот вкус.