„Кадино“ - бренд со сериозна доверба на домашниот и странски пазар

Кадино Индустри Груп e производствена компанија со повеќе од 25 годишно искуство во производство на различни видови на брашно препознатливи под името “Моето Брашно” и благодарение на својот квалитет го позиционираше “Кадино” како бренд кој ја стекна довербата на потрошувачите на домашниот пазар и на странските пазари.

Компанијата воедно иницираше идеја за рачна изработка на традиционални производи направени со тенки кори: “ Бурек”, Вртена пита и други пецива од рачно влечени кори.

“Пронаоѓајќи инспирација во нашите корени, ние креиравме бренд кој ја спроведува нашата мисија да се збогати трпезата во секој дом, во секој дел од светот со автентичен традиционален вкус за вистинско гурманско задоволство.

Сите производи од нашиот асортиман се замрзнати со висококвалитетен технолошки процес кој овозможува задржување на свежината на производот од процесот на производство до трпезта на секој корисник.

Производите се извезуваат во Швајцарија, Америка, Канада, Белгија, Словенија и Холандија, а во наредниот период ќе започне продажба и во Турција.

Нашето портфолио вклучува повеќе од 20-тина замрзнати производи со различни форми и вкусови наменети и за малопродажниот и за угостителскиот сектор, со цел секој производ на едноставен начин да стане омилен оброк од менито на секој потрошувач. За таа цел, нашиот следен чекор е учеството на 24-тиот Меѓународен саем на храна, пијалоци и суровини за храна PRODEXPO во Москва, Русија, во периодот од 6-ти до 10-ти февруари во оделот за замрзнати производи, павиљон 2, хала 1.

PRODEXPO е најголем годишен специјализиран саем за промовирање на производи во Русија и Источна Европа. За повеќе од 20 години од своето постоење, PRODEXPO одигра значајна улога во поттикнувањето на прехранбената индустрија во Русија.

Ние веруваме дека преку промоција на своите високо квалитетни и автентични производи на овој престижен саем ќе го доближиме вусот на медитеранот поблиску до рускиот пазар и ќе имаме удел во креирањето на квалитетниот животен стил на граѓаните на Русија, бидејќи секоја искрена насмевка при секој залак на нашите производи го оправдува секој напор во сите аспекти од нашиот процес на производство.” - велат од компанијата.

Брендот Кадино е 100 % гаранција за: 100% рачно изработени производи. 100% автентични рецепт. 100% квалитетен и уникатен производ. 100% насмевка со секој залак.