Каде завршува разликата од 40 денари до 1 евро за патарина?

Каде одат парите од разликата во сумата која странците ја плаќаат на патарините во земјава.

На пример на наплатната станица Скопје-Петровец износот на патарината за домашните патници е 40 денари за странските државјани 1 евро или 60 денари. Ваква разлика во сумите има на патарините и на другите патни правци.

По изјавата на првиот човек на ЈП за државни патишта Китанов дека разликата од денарското и девизното плаќање ја задржува НБРМ, од банката демантираа дека имаат било каква вклученост во начинот на формирање на цените на наплатата на патарините.

-Народната банка согласно своите законски овластувања во доменот на платниот промет во ниту еден сегнемт не е инволвирана во начинот на работењето на ЈП за државни патишта ниту пак во начинот на формирање на цените за наплата на патарините. Народната банка нема никаква деловна релација со прептијатието и произволната изјава дека НБРМ кога станува збор за железните кованици задржува 25-30 процетни е крајно нејасна конфузна. Следствено не станува збор дека НБРМ на јавното прептијатие му наплатува некаква провизија илин пак му задржува некаков процентуален износ, се вели во дописот од банката.

Пред два дена директорот на државни патишта Китанов од пред наплатата станица кај Сопот почоси дека поскапата патарина за странците не е злоупотреба. Дел од средствата односно 25 до 30 отсто задржува НБРМ. Тој не кажа дали во тој дел нешто ќе се менува со воведувањето на електринскиот систем за наплата на патарините во земјава.

- Кога се плаќа со железни кованици НБРМ задржува мислам дека околу 25 до 30 отсто од сумата и тоа целото кога ќе го претворите во денари исто доаѓа, рече Китанов.

Во моментов во државава функционираат 10 наплатни станици но ќе се градат уште четири нови. Две на автопат Демир Капија – Смоквица, а другите две на Миладиновце- Штип.