Каде се сега браќата срби да донираат пакет вода и храна за настраданите семејства од поплавите?

СОСЕДИТЕ БРЗО ЗАБОРАВИЈА КОЛКУ ПОМОШ ДОБИЈА ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ

“Македонија им помага на луѓето погодени од поплавите во Србија“ , “Хуманитарен концерт за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска“ ,  “Црвен Крст испрати 9 шлепери помош за Србија и БиХ“ , “Испратена нова пратка помош за Србија и Босна и Херцеговина“, “Горска Вода, Тинех и Дени Интернационал во хумана акција за поплавените места во Србија“, „ДОНАЦИЈА: Македонија дала околу 600.000 евра за Србија и БиХ“, “Денеска собрани 20 тони храна, 60.000 литри вода, 1.000 кебиња“, “Македонците до сега донираа 120.000 евра за Србија и Босна – 20 тони храна веќе е на пат“ ова се дел од насловите кои секојдневно ги читавме пред две години кога Србија и мал дел од Босна и Херцеговина беа погодени од поплавите.  Кога им беше најтешко на соседите цела Македонија беше на нозе, се донираше на телефонските броеви, се носеше вода, храна, кебиња низ сите пунктови во Македонија, се организираше хуманитарен концерт во спортскиот комплекс “Борис Трајковски” со македонската естрада, а и македонските фирми се вклучија во донациите. Србија беше далеку повеќе погодена од природната катастрофа која ја зафати отколку БиХ, па токму затоа поголемиот дел од помошта беше испратена таму, во градот Обреновац кој беше под вода. Но, нашите “браќа“ очигледно многу брзо заборавија што се правеа нивните соседи додека тие се соочуваа со бројните проблеми од поплавите, па веќе петти (5) ден од поплавата која ја зафати Скопје, ниту на еден српски портал не се пишува за некаква донаторска акција, ниту се погренува граѓанска иницијатива, а секако ниту тамошната естрада не организира хуманитарен концерт за поплавените подрачја во Македонија (за која добра знаеме дека голем дел од лебот го заработува токму настапувајќи во Македонија), каде беа изгубени голем број на животи, а граѓаните останаа без се она што го печалеле се години.

Граѓаните се револтирани од таквиот однос на соседите, но велат дека македонскиот народ секогаш бил хуман и дека тие самите ќе му помогнат на својот народ.

-Каде се сега браќата срби да донираат пакет вода и храна за настраданите семејства од поплавите? Плоштадите ни беа преполни со донации, се испраќаа шлепери со вода и храна, одвојував од сопствениот џеб за да донирам, сочувствувавме со нив, а каде се сега они? Револтиран сум многу, секогаш мислев дека сме соседи кои си помагаме кога ни е најтешко, но ние сме хуман народ и самите ќе им помогнеме на нашите граѓани, вели скопјанецот Ристо В.

Во разговор со Иванка која ја сретнавме во поплавените подрачја како доставува храна до семејствата, вели дека како на телевизиите така и на интернет порталите за постојано се известуваше состојбата во Србија, а како што вели за природната катастрофа која го зафати скопскиот регион, на српските портали се известило само дека Македонија е погодена од поплава, има загинати, но ниту оддалеку тоа не било главна тема на тамошните медиуми.

-Кога се случи поплавата во Србија ние тоа го почуствувавме како да ни се случило нам, постојано за тоа се известуваше, на сите медиуми тоа беше главна вест, се апелираше за донации и секако сите се вклучивме за да помогнеме и навистина сум изненадена, а истовремено и револтирана како тие граѓани ни враќаат нам и на нашите граѓани. Ниту една донаторска акција не покренаа, нивната естрада не ни помислува за хуманитарен концерт, а преку целата година кај нас го печалат лебот и да не заборавиме дека целиот македонскиот народ беше на нозе кога тие се соочуваа со природната катастрофа, револтирано вели Иванка Р.

Ахх бре македонче кога ќе се освестиш?!