Каде се' нема струја утрово? Прекин во снабдувањето со струја во најголемите населби!

Поради закажани технички зафати во системот денес без струја ќе бидат делови од општина Центар, Ѓорче петров, Кисела Вода и Аеродром, соопшти РЦУК.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 9 до 12 часот има на дел од улиците „Васил Ѓоргов“, „Водњанска“, „Бел Камен“ и „Козара“ од општина Центар, од 8:30 до 11:30 часот дел од улиците „Питу Гули“ и „Капиштец“ во општина Центар, а од 9 до 14 часот улиците 20, 22 и 24 во село Волково, општина Ѓорче Перов.

Без струја од 10 до 12 часот се делови од улицата „Иван Козар“, фирмите кај Тутунски Комбинат и дел од истата улица кај старата рампа и улицата „Улоф Палме“ во општина Кисела Вода, од 9 до 12 часот дел од улиците „Маџир Маало“ и „Петричка“ во општина Центар, од 12 до 15 часот дел од улиците „Бошко Буха“ и „Ернест Телман“ во општина Аеродром и 9 до 10 часот улицата „Владимир Назор“ бр. 4 во општина Центар.