Каде се најевтините проститутки на Балканот?

Најновите истражувања кои биле направeни на повеќе од 20 000 проститутки на Стариот континент, велат дека сексуалните работнички во Грција нудат најевтин секс во Европа. Како главна причина за ова во истражувањето се наведува дека е кризата која ја зафати оваа земја, а годинава достигна критична точка.

 Како што дел од проститутките кои работат во Грција откриле, некои од нив своето тело го продаваат за крајна цена од само 2 евра.

 Авторот на ова истражување, Грегори Лазос, вели дека во Грција работат околу 18 500 проститутки, а просечната цена пред кризата таму била околу 50 евра.

- Тие жени се гладни. Невработеноста го Грција е скоро 60 посто. Некои тоа го работата за да платат основни трошоци, за да преживеат. На работ се на егзистенцијата. Сега таму повеќе не доминираат проституките од Источна Европа како што беше порано. Сега има повеќе Гркинки. Во Грција проституцијата е легална, но се проценува дека само 10 од 525 бордели кои таму се регистрирани работат чисто. Тоа дополнително ги принудува жените кои се бават со овој занает да излезат на улица или да работат по приватни станови, пишува Лазос во својот труд.

Цената до 50 пати под просечната

 Повеќето Гркинки кои сега влегуваат во овој бизнис имаат помеѓу 17 и 20 години. Цените за сексуалните услуги кај јужниот сосед се за 50 пати пониски од просечната цена која се наплаќа за секс во останататитие европски држави.

 Западот ги форсира како скапи оние жени кои се витки, со полни гради и долга коса. Се разбира, повеќе заработуваат и оние кои прифаќаат разни фетиши, како и да имаат секс со повеќе мажи одеднаш. За пример, проститутките во Париз, каде што е скапо за живот, наплатуваат 10 пати повеќе од оние во Прага. Според ова, логично е што оние во Грција ги спуштиле своите цени до долната граница.

И мигрантите ги спуштиле цените

  Падот на цените на сексуалните услуги може да се препише на финансиската криза која ја зафати земјата во 2008 година, но и големиот број на мигранти кои транзитираат од таму ги намалиле цените. Сексуалните работнички се жалеле дека има наплив на млади жени кои сега можат нелегално да ја преминат границата и дека сега е потешко да се заработи од тој занат од било кога. Како што пишува Лазос, прељубничкиот како и сексот за една ноќ веќе стануваат нормална работа, па осамените мажи кои порано редовно плаќале за секс, сега можат да го најдат на многу други места.