Каде ни бегаат младите девојки?

Според процената на населението (состојба 30.06.2016), во Република Македонија има 2.072.490 жители.

Процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население е речиси подеднакво, 49,9 % од населението се жени, a 50,1% се мажи.

Во периодот од 2006 до 2016 година, учеството на женското младо население на возраст од 0 до 14 години е намалено од 18,7% на 16,1 %, а учеството на женското старо население на возраст од 65 и повеќе години е зголемено од 12,3 % на 14,6%.

Поголем број на жени се забележува во старосната група од 65 години и повеќе.