Веројатно често околу себе забележувате личности кои ви делуваат ментално силни и  кои ви претставуваат пример како треба да се реагира во одредени ситуации. Но, која е тајната на овие луѓе?

Тие продолжуваат понатаму – тие не трошат време за да се самосожалуваат и да бараат сожалување од другите луѓе.

Тие држат контрола – никогаш не ја даваат својата моќ и свесни се за нештата врз кои имаат контрола.

Остануваат среќни – се трудат напорно да бидат среќни и не се жалат. Се фокусираат само на нештата кои ги усреќуваат.

Тие се љубезни и праведни – и не се плашат да бидат јасни и директни. Од друга страна пак, не се трудат да ги задоволат сите луѓе околу нив.

Преземаат целосна контрола за своето однесување – не прават исти грешки постојано, туку учат од своите грешки и се обидуваат да не ги повторат.

Ја инвестираат својата енергија во сегашноста – не размислуваат многу за минатото и се фокусираат на сегашниот момент.

Уживаат во осаменоста – воопшто не се плашат да бидат сами. Напротив, уживаат во тоа и така ја собираат својата енергија.

Размислуваат продуктивно – тие ги заменуваат негативните мисли со продуктивни мисли.