Каде исчезнаа природните девојки?

Живееме во свет во кој во пораст се девојките кои се опседнати со физичкиот изглед и веќе стигнавме до точката каде сите се исти и изгледа како само да се копии едни на други.

Ова однесување ги натера мажите да се впуштат по потрага по нешто различно, по девојки со карактер и наместо да бараат убави и слатки девојки за покажување, тие ги променија своите приоритети и сега бараат девојки кои имаат свој стил, став и кои се самоуверени и без дополнителни естетски интервенции и кои се потпираат на својот природен шарм и образование.

Зошто постојат се помалку природни девојки?

Телевизијата, модните списанија, интернет порталите, различните реални шоу-а и површноста која се повеќе зема замав, уште од мали нозе ги учи девојчињата дека само физичкиот изглед им го гарантира успехот во животот.

Ги полнат со комплекси и уште од основно училиште тие почнуваат да ги копираат старлетите, естрадните ѕвезди и моделите. Се почесто можете да видите девојчиња кои прават естетски операции уште пред полнолетството, а за 18-ти роденден им подаруваат силиконски гради. Така добиваме пластични девојки кои изгледаат исто.

Жалосно е што во целиот тој процес тие го губат својот идентитет. Престануваат да бидат свои и да работат на себе, па стануваат само празни кукли. Од друга страна, заради генералната лоша економска ситуација, многумина се насочени кон тоа само да бараат пари. Често се гледаат млади девојки во друштво на многу постари мажи со бесни автомобили. Нема љубов, само интерес.

Така се создава армија од клонирани девојки во друштво на мажи кои ја лечат средновечната криза. Најтажно е што се повеќе има вакви девојки и вакви слики.

Каде се кријат нормалните девојки?

Не се кријат. Тука се. Насекаде околу нас. Само не секогаш ги забележуваме. Природните, нормални девојки не се истакнуваат со стилот на облекување, шминкање и лудување по клубови. Тие излегуваат сосема нормално облечени, без шминка или сосема минимално.

Излегуваат на истите места, но не бараат сепари и централни места, туку се забавуваат во понезабележливите делови од клубот. Ќе ги препознаете по тоа што немаат тон шминка, немаат надоградби на коса, ниту силиконски гради. Ќе ги препознаете по тоа што се нормално облечено. Привлечни, но со стил.

Ќе ги препознаете по тоа што не трчаат по некој за да им ги плаќа пијачките, туку се забавуваат за себе до друштво на своите пријатели. Тие се секогаш искрено насмеани, опуштени, весели и неизвештачени. Не глумат секс бомби, тие се едноставно такви какви што се и се гордеат со тоа. Едноставно немаат комплекси.

Нив ќе ги најдете на дневни кафиња со другарките. Во библиотеки. Излезени на прошетка. Во соседството, седејќи на клупа. На пазар. Тие работат на себе, на својот интелект и образование. Ќе ги сретнете во театар, пристојно облечени. Во галерија, на изложба. Тие се насекаде околу нас.

Проблемот е што се незабележителни за многу мажи. Затоа што не се истакнуваат, не патат на бидат центар на внимание. Знаат што сакаат и знаат како сакаат еден маж да се однесува со нив. Тие се жени со став и со карактер и бараат многу повеќе од добар автомобил и сепаре во дискотека. Нормалните, природни девојки со став бараат ист таков маж. Затоа и на многумина им се чини дека се недостапни.

Нормалните девојки знаат точно што сакаат. Ги одбиваат оние коишто не им одговараат или оние кои сакаат да ги искористат само за секс. Но, во останатите случаеви тие даваат шанса на луѓето. Доколку момчето се покаже во добро светло, тој има големи шанси да успее со неа. Едноставно е, тие покрај себе сакаат вистински, нормален и стабилен маж и за тоа не прават компромиси.