Каде е проблемот? Се жалат немаат работа, а никој не се пријавува на оглас

„Кафе-бар, пекара, бутик...од Скопје имаат потреба од келнери и продавачи со и без работно искуство. Потребно е да имаат завршено минимум средно образование, познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност. Почетна плата 12.000 па до 15.000 денари “.

Иако на овие огласи би требало да се пријават многу луѓе, кои сакаат да заработат, во пракса се покажува дека нема доволно заинтересирани лица за оваа работа.

- Имам пекара, барам 3 продавачки на бели пециава, почетната плата изнесува 15.000 денари.На огласот кој траеше 15 дена се пријавија само две жени, вели спопственикот на една скопска пекара.

Слична е и ситуацијата по локалните кафулиња низ градот.

-Ја отворивме летната терса и потребно ни е дополнителен персонал. Плата е пристојна, а добро се заработува и од бакшиш.Но, на огласот за келенри кој е ствен од пред еден месец досега само едно момче се има пријавено, вели менаџер на познат кафе-бар од Скопје.

Очигледно младите повеќе сакаат да се гости во кафулињата и да се жалат како за нив нема работа отколку да се вработат.