Јусефинеџад нов ракометар на Металург

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург своите редови ги засили со нов ракометар. Се работи за Иранецот Амин Јусефинеџад, кој доаѓа од екипата на Шахрдари од Кашан, иранскиот вицешампион.

Јусефинеџад (20) е стандарден сениорски репрезентативец на Иран и игра на позиција лев бек, а со Металург потпиша три и полгодишен договор, кој завршува на 30 јуни 2020 година.

- Кога размислував за почетокот на својата европска кариера, веднаш ми беа посочени Металург и Лино Червар, како средина и тренер најпогодни за работа со млади ракометари. Затоа брзо најдов заеднички јазик со мојот нов клуб и среќен сум што ќе имам можност овде да ги реализирам своите ракометни амбиции. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот и на раководството на клубот, изјави Јусефинеџад за клупскиот сајт.