ЈСП вози во боите на Македонија: Ја поддржа иницијативата за унитарна Македонија (видео)

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП-Скопје денеска се приклучи во повикот на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и со поставување на македонски обележја во своите автобуси на ЈСП ја поддржаа граѓанската иницијатива која се залага за зачувување на унитарноста и сувереноста на државата.

Во поголемиот дел од автобусите на ЈСП денеска можеше да се забележат црвено-жолти ленти во знак на поддршка на апелите кои беа упатени од страна на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, за истакнување на македонски знамиња и обележја како симболички гест за унитарна граѓанска Заедничка Македонија.