ЈСП во петок ќе вози со изменет возен ред

Изменет ќе биде возниот ред на автобусите во петок.

Од ЈСП информираат дека во петок (24.05.2019 година), поради државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.