ЈСП со вообичаениот возен ред

Од денеска автобусите на ЈСП продолжуваат да функционираат вообичаено како пред епидемијата. Тоа значи дека автобуси ќе има од 5 до 24 часот, а распоредот како и секогаш ќе е достапен на веб страната на ЈСП. Од претпријатието соопштуваат дека исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23, кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Укинатите три автобуски линии 25, 25А и 25Б што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, како и Жичарницата, нема да работат и натаму, а укинати остануваат и бесплатните средношколски и пензионерски билети.

Истовремено со поинаков распоред ќе функционираат билетарниците, а точното работно време на секоја е достапно на веб страната на ЈСП.