ЈСП со нов ценовник за реклама на кабините на жичницата

Според одлуката која беше усвоена на последната седница на Советот на Град Скопје, освен на кабините, фирмите ќе може да рекламираат и на носечките столбови и на кровот на објектот на жичницата во непосредна близина на почетната станица.

Рекламирањето на столбовите месечно ќе чини 12.000 денари додека на кровот на објектот рекламирањето е најскапо и ќе чини 60.000 денари.

"Компаниите ќе може да се рекламираат на 28 кабини, 10 столба и на кровот на објектот кој се наоѓа на почетната станица на жичницата. За закуп на рекламните површини за период од минимум три месеци се одобрува и попуст. Ако се изнајми реклама на сите 28 кабини и на 10 столбови во рок од три месеци, попустот е 10 отсто. Ако одредена компанија сака да се рекламира и на кабините и на столбовите попустот е 15 отсто, а ако се закупи и кровот на објектот, тогаш цената ќе биде намалена за 20 отсто", се вели во образложението на ЈСП "Скопје".