ЈСП си игра мајап со граѓаните, автобусите не стигнуваа според возиниот ред, па одеднаш се појавуваат и по три со истиот број

Јавниот превоз очигледно си игра мајпат со скопјани, надлежните од ова претпријатие не реагираат на постојаните поплаки од граѓаните, па слободно може да се каже дека владее хаос кога станува збор за јавниот превоз. Дека се случува безредие говорат и граѓаните кои чекаат автобус и по 45 минути, иако истиот треба да го има на десетина минути, а за се да биде потрагично одеднаш пристигнуваат три-четири автобуси со истиот број. Последна од случките на која беше присутен нашиот соговорник и кој видно револтиран од ситуацијата во која се нашол во текот на вчерашниот ден, стапи во контакт со нас, за да го раскаже макотрпниот ден со превозот на ЈСП.

-Постојано апелираат да се остават возилата дома, да се користи јавен превоз, а јавниот превоз ни е за жалење. Нели некој кога те убедува да користиш некое превозно средство треба да се потруди истото и да функционира!? Се возам со бројот 5, бидејќи живеам во населбата Ново Лисиче. Верувајте постојано има некои случки со оваа линија, дали станува збор за пцовки од страна на возачот или пак кога возачот едноставно сам ќе одлучи да не застанува на одредена постојка, видно револтиран започна да ни објаснува Игор.

Игор работи во близина на католичката црква, а во автобусот со бројот 5 се качува спроти маркетот кој се наоѓа во близина. Во период од 17 до 18 часот, автобусот со број 5 го има во следните интервали: 17:03 / 17:14 / 17:25 / 17:36 / 17:47 / 17:58. 

Сепак, иако според возниот ред требало да има автобус, Игор како и уште голем број на други патници, вчера чекале автобус до 17и50 минути, кога одеднаш еден зад друг, пристигнале четири автобуси со бројот 5.

-На возниот ред на ЈСП пишува дека автобусот со број 5 треба да го има на 11 минути, но сите кои дојдовме за да го фатиме автобусот во 17и03 минути останавме на постојката до 17и50. Да биде уште потрагично во истиот момент пруистигнаа сите четири автобуси кои требаше да ги има во различни интервали. Но, да се разбереме туку не завршува циркузијадата со ЈСП, вели иронично Игор.

Откако граѓаните се качиле во еден од четирите автобусите, кога стигнале на постојката кај Зелено пазарче, возачот само ги известил патниците дека автобусот вози до тука и дека е расипан. Видно изнервирани патниците веднаш бурно реагирале на најавата од страна на возачот, кој откако видел дека никој не го напушта автобусот, после неколку минути продолжил да вози, а автобусот одеднаш не бил расипан и се движел нормално.

-Застанавме кај Зелено пазарче и возачот се сврте и ни кажа дека до тука вози и дека автобусот бил расипан, а се дотаму ништо не укажуваше на дефект кај возилото. На ваквата изјава веднаш една девојка започна бурно да реагира и да вели како е можно после еден саат чекање на автобус, откако се качиле патниците и поминале неколку станици, возачот да им каже само дека не вози понатаму. Веднаш сите се вклучивме и исто така и ние бирно и револтирано реагиравме, побаравме објаснување зошто не ни било пренесено дека само дотука ќе вози истиот и никој не излеговме од автобусот. После неколку минути, како ништо да не се случило, шоферот го запали автобусот и продолжи да вози, вели Игор.

Тој понатаму посочува дека е видно револтиран од однесувањето на возачите и на целата управа на ЈСП и бара да се превземат мерки и да се испита функационирањето на возниот ред, како и на однесувањето на возачите на јавниот превоз.

-Навистина е некоректно однесувањето, најпрво чекаме по еден час за да дојде автобус, тогаш пристигнуваат неколку, а врвот како возачот решава да вози само неколку станици и да потоа да ни каже дека автобусот е расипан. Не ми е јасно, како после бурната реакција до граѓаните, автобусот не беше расипан? , заврши Игор.