ЈСП реагира по однос на спинувата и непотполна информација од страна на порталот А1он

ЈСП СКОПЈЕ реагира по однос на спинувата и непотполна информација од страна на порталот А1он со наслов „Автобуси на ЈСП носеа демонстранти во Скопје“, објавена на 21.03.2017 година.

Причината за оваа реакција се однесува на фактот дека се повеќе граѓани, вклучувајќи ги оние кои се приклучуваат на масовните протести, го користат јавниот превоз во Скопје. Истите, очигледно се задоволни од условите кои ги нуди претпријатието и во тој контекст им благодариме на нивната доверба.

Во контекст на напишаниот текст, ги замолуваме истражувачките новинари на А1он, во иднина, кога ќе објавуваат вакви написи, да ги вметнуваат и ценовникот, како и возниот ред на автобусите на ЈСП СКОПЈЕ.