ЈСП: Од денеска се враќа зимскиот возен ред, продолжува важноста на ученичките билети

Од денеска, јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаениот зимски возен ред, информираат од ЈСП.

Во изминативе три недели, поради ученичкиот зимски распуст, тој беше редуциран.

Од денеска, автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење на јавен превоз.