ЈСП го враќа стариот распоред на сајтот

Стариот распоред со возен ред на автобусите, на сајтот на ЈСП „Скопје“ повторно ќе се врати.

Голем број граѓани се жалеле во претпријатието дека новиот начин бил многу комплициран, не можеле да се снајдат и дека многу повеќе време им треба за да ја добијат информацијата која им е потребна.

– Ќе го вратиме стариот распоред. Имавме голем број поплаки за новиот дека е комплициран. Сакавме да им олесниме на корисниците на јавниот превоз и да ги подобри услугите. Во новата апликација имаме точно време во колку часот автобусот доаѓа на секоја постојка, додека во стариот само тргнувањето од последните станици. Но бидејќи граѓаните не се задоволни, од сега на нашиот сајт ќе стојат двата распореда – вели Игор Јанушев, директор на ЈСП „Скопје“.