ЈП за Државни патишта вработува - Отворени се 20 работни места

Врз основа на член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија бр. 167/15- пречистен текст и 27/16), Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев" број 14, во Скопје, објавува ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на работници на определено време во Јавното претпријатие за државни патишта за следното работно место.

1. Референт - инкасант, во Одделението за наплата на патарина, во Секторот за одржување на патишта, сообраќајна сигнализација, заштита на патишта и наплата на патарина- 20 извршители, со исполнување на следните посебни услови:

Средна стручна спрема

- Сите видови на средна стручна подготовка Работно искуство- 1 година 
Дневното работно време од 07, 00 часот до 19, 00 часот и од 19, 00 до 07, 00 часот Работното време е распоредено во две смени и трае 12 часа Работа на празник и работа ноќе Неделното работно време изнесува 40 часа 

Основната плата изнесува 18. 460, 00 денари 

Покрај гореневедените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патишта бр. 029332/8 од 21. 11. 2013 година и Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Јавното претпријатие за државни патишта бр. 023821/8 од 30. 05. 2014 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Јавното претпријатие за државни патишта број 027926/8 од 09. 10. 2014 година и Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Јавното претпријатие за државни патишта број 02227/4 од 13. 01. 2015 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законотза работните односи. 

Вработувањето ќе биде на определено време, до 31. 12. 2016 година. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. 

Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена, сметајќи го и денот на објавувањето на огласот. 

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена no истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пристигнатите пријави. 

Лице за контакт Биљана Лазевска Контакт телефон 02/3118044. 

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат за вработување со доставување на пријава за вработување со контакт податоци и документи/докази за исполнување на условите за вработување и тоа: диплома или свидетеслство за завршена средна стручна спрема, потврда/доказ за работно искуство уверение за државјанство. на адреса на Јавното претпријатие: ЈАВНО ПРЕТПИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ул. „Даме Груев" бр. 14 1000 Скопје или во писарницата на Јавното претпријатие за државни патишта, со назнака „за јавен оглас за пријавување на кандидати за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта" Некомплетната и ненавремената документација нема да се земе во предвид при разгледувањето на пријавите. 

Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од В. Д. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. По завршување на постапката на селекција на кандидатите, за извршениот избор секој кандидат ќе биде писмено известен.

Краен рок за пријавување: 05.04.2016