ЈП „Улици и патишта" денеска ќе изврши санација на неколку ударни дупки во градот

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје известува дека екипите на ЈП „Улици и патишта", денеска 22.05.2019 (среда), доколку тоа го дозволуваат временските услови, ќе работат на санација на ударни дупки на улицата Никола Карев во Општина Центар, улица Христо Татарчев во Општина Кисела Вода, како и на санација на ударни дупки долж булевар Кочо Рацин. 

Денеска екипите на ЈП „Улици и Патиште“ ќе постават инсталација за семафорските лантерни на бул. Србија во Општина Аеродром кај улицата Тоше, а ќе бележат и хоризонтална сигнализација на улица Лука Геров во Општина Карпош.

ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.