ЈП ПОЦ крена 151 возило

Во периодот од 9 до 15 декември на територијата на општина Центар ЈП ПОЦ санкционирале 263 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 151 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 112 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој што биле паркирани – информираат од ЈП ПОЦ.