ЈП „Паркови и зеленило“ почна со акција за поткастрување на гранките на дрворедите за безбедност на јавниот превоз

По барање на ЈСП Скопје, за овозможување на поголема видливост на возачите на јавниот превоз и непречено движење на автобусите, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска почнаа со акција за поткастрување на гранките на дрворедите низ главните булевари во градот.

Целта на оваа акција е безбедно одвивање на јавниот градски превоз, уредување на долните гранки од дрвјата кои удираат на горните делови на двокатните автобуси и предизвикуваат штета, како и зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите.