ЈП „Паркови и зеленило“ донираше природна елка во Домот за деца без родители „11 Октомври"

ЈП „Паркови и зеленило“ донираше природна елка и изврши хортикултурно уредување во Домот за деца без родители „11 Октомври.“

Во пресрет на новогодишните празници и во согласност со корпоративната политика на претпријатието директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча донираше новогодишна природна елка од расадникот на претпријатието. Исто така екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ извршија и хортикултурно уредување со засадување на зимазелени садници, грмушки, перени и цвеќиња од видот љубичица во кругот на Домот.

„За новогодишните празници со нашата донација сакавме да подариме љубов, топлина и внимание на дечињата од Домот „11 Октомври“ и многу насмевки и радост на нивните лица.“ – изјави Муча.