Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози, а на повисоките места во западните и североисточните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 -100 метри има на планинскиот превој Плетвар.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот и информира дека дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.