ЈОГУРТ ТЕСТО: Сечете по потреба, а може да стои во фрижидер и до 7 дена

Состојки:

Тесто

250 мл млеко

1 ќа7ица шеќер

1 коцка свеж квасец

500 гр меко брашно

500 гр остро брашно

2 јајца

2 х 200 гр јогурт

3 лажици шеќер

3 лажици масло

1 лажица сол

Подготовка:

Во мал сад згрејте 250 мл млеко, лажица шеќер и додадете изронета коцка квасец.

Помешајте и оставете на топло место квасецот да надојде.

Во друг сад помешајте ги двата вида брашно и додадете прашок за пециво, шеќер масло и сол.

Додадете ги јогуртите и лесно изматените јајца.

Додадете го квасецот и мешајте додека смесата не се поврзе. Мешајте со раце додека не добиете цврсто тесто (ако тестото се лепи многу, додадете уште брашно).

Измесеното тесто ставете го во најлонска ќеса , истиснете го воздухот  и врзете ја кесата.

Оставете во ладилник да отстои тестото 4 часа.

Послужување

Тестото се сече по потреба, а остатокот може да стои во фрижидер и 7 дена. Ова тесто е исто така одлично за пица.