ЈКП "Гази Баба 2007" повикува да се пријават штети од невремено во општината

„Екипите на ЈКП "Гази Баба 2007" по повод вчерашното невреме проследено со силен ветар и дожд вршеа интервенции до доцна во ноќта и тоа на 6 локации на територија на Општина Гази Баба во населбите Автокоманда, Керамидница, Хиподром и Ченто.

За таа цел апелираме до жителите на Општина Гази Баба доколку забележат дрва кои што се оштетени од вчерашното невреме веднаш да пријават, се со цел навремено одстранување на истите - со почит, Ваше ЈКП "Гази Баба 2007".