Јелена Јована со емотивна порака се прости од прерано починатата Билјана Беличанец

Актерката Јелена Јована со емотивна порака се прости од нејзината постара колешка, Билјана Беличанец, која синоќа беше пронајдена мртва.

„Се надевам дека сега си на подобро место…
Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…
Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше…
Толку многу даде, а уште колку многу остана….
Тешко и за неверување маме..
Ти благодарам за СЕ!
Почивај во мир Билјана Беличанец“-напиша Јелена.