Јавори ќе се садат во Скопје

Палмите во метрополата ќе се заменат со јавори. ЈП "Паркови и зеленило" надлежно за нивно одржување веќе на терен ги вади исушените палми кои не ја преживеаја поларната зима.

Иако некои од вкупно 140-те палми засадени во главниот град успеаја да се спасат, сепак одлучено е сите да се извадат. На нивното место ќе бидат засадени јавори кои се донација.

-Во однос на информациите објавени на неколку медиуми, Град Скопје, во интерес на вистинитото и правилно информирање, уште еднаш ја потсетува јавноста, дека палмите кои беа засадени во Скопје во 2015 година, не е проект на Град Скопје, туку се работи за дел од проектот кој го реализира Јавното претпријатие "Македонски шуми".

Со овој проект, покрај останатите градови во нашата земја, беа опфатени и Град Скопје и општините во главниот град, но за нивната набавка не беше потрошен ниту еден денар од буџетот на Град Скопје, посочија од Градот.

Од Македонски шуми, пак, велат дека нивната обврска завршува со садење на дрвјата и одржување на обука како да се одржуваат, но понатаму за нивнотот одржувања се надлежни јавните претпријатија за паркови и зеленило на општините.