Јавете се и пријавите доколку забележите кучиња-скитници низ скопските улици

Граѓани од некои скопски населби деновиве не можат да излезат од своите домови од страв да не бидат нападнати од глутница кучиња кои покажуваат агресивност.

За да стигнат до своите домови често кружат две улици подолу за да ја заобиколат територијата во која се движат животните. Сепак, секое излегување им е со страв да не бидат нападнати.

Иако овие кучиња биле на лекарски третман во стационарот „Вардариште“, никој не може да гарантира дека нема да станат агресивни кога повторно ќе се најдат на улица. Зимата и периодот кога се гладни и тешко доаѓаат до храна, е само една од можните причини зошто тие кучиња станале агресивни.

Од ЈП „Комунална хигиена“ велат граѓаните за вакви проблеми да се јавуваат на дежурниот телефон 3 216-644, по што нивните екипи веднаш ќе излезат на терен. Телефонскиот број за граѓаните е отворен секој ден од 7 до 19 часот и само треба да го пријават случајот.

Периодов не заловуваат улични кучиња, бидејќи е  донесена одлука да не се заловуваат поради зимскиот период во кој тешко закрепнуваат по медицинскиот третман. 

air max 90 essential sale