Јасни показатели дека е време да го прекинете пријателството

Иако е реткост, некои пријателства навистина траат засекогаш. Ако сте пронашле пријатели со кои имате нераскинлива врска, вие сте пронашле нешто многу повредно од пари. За жал, вистината е дека повеќето пријателства не траат повеќе од неколку години.

Има многу причини поради кои се распаѓаат пријателствата. Но кои се показателите кои јасно укажуваат дека е време да го прекинете пријателството?

Прочитајте ги овие знаци. Секој од нив е различен, но сите се подеднакво важни.

Пријателство од интерес

Има многу луѓе кои се преправаат дека се ваши пријатели, само затоа што во моментот им е потребно нешто од вас. Потсете се на последниот пат кога ви требало нешто и сте имале проблем? Кој прв се понудил да ви помогне, а кој молчел и го немало никаде? Кога ова е шаблон на однесување и постојано се повторува, тоа треба да ви каже многу нешта.

Ги поддржуваат и поттикнуваат вашите лоши навики

Се обидувате да се храните здраво и да спортувате? Или можеби конечно сте го постигнале тоа што го сакате и не сакате повеќе да се враќате назад? Без оглед на тоа дали се работи за пушење, пиење, физичка кондиција, здрав ум или дејствувањето да направите нешто од вашиот живот, ако имате пријатели кои поттикнуваат да продолжите со лошите навики, тие пријателства немаат големи шанси да се развиваат.

Тие повеќе не се грижат за вас (или сфаќате дека никогаш не се грижеле)

Дали некогаш сте биле пријатели со некој кој одеднаш почнува да се други луѓе и комплетно заборава на вас? Обично ова се случува со промена на работното место, факултет и слично. Но, ако сосема или речиси никогаш не помислува на вас и излегува само со други луѓе, тогаш треба да се преиспитате дали оваа личност воопшто се грижи за вас.

Не можете да бидете свои

Ова не е толку поврзано со нивните постапки колку што е поврзано со вас. Кога сте со оваа личност, дали се обидувате да бидете нешто што не сте? Вистинските пријатели се оние со кои можете да бидете удобни, да бидете свои, заедно со мааните и доблестите. Ако покрај некого не можете да бидете удобни, постојано немате самодоверба, тогаш нешто не е во ред.