Јас сум жена и нема да се извинувам за тоа и за милион други работи

Како жени, постојано се извинуваме. „Извини“ е еден од најчестите зборови кои ги користиме. Дури и се извинуваме за тоа дека се извинуваме премногу. Но, време е да престанеме да го правиме тоа.

Да престанеме да се извинуваме за овие работи.

Кога некој друг нѐ прекинува.

За нечие друго однесување.

За своите чувства.

За својот карактер.

За тоа како ги трошиме парите.

За тоа дека не сме во врска. И, за тоа со кого сме во врска.

Ако сакаме или не сакаме да се омажиме.

Кога велиме „не“ без објаснување.

Кога игнорираме некој кој нѐ третира лошо.

За тоа дека не можеме секогаш да сме средени и совршени.

За нашата облека.

За нашиот замор.

За тоа што често плачеме.

За тоа што гласно се смееме.

За тоа што не ги исполнуваме општествените стандарди за убавина.

За хаосот во нашиот дом или канцеларија.

За нашиот ПМС. И ние не го сакаме тоа.

За независноста.

За ранливоста.

За искреноста и глупавите нешта кои ги кажуваме поради неа.

За нашите амбиции, надежи и соништа.

За одлуките, со кои не се согласуваат сите.

За тоа дека постоиме.