Јас сум силна, но мојата душа е исцрпена...

Исцрпеноста не е доволна за опишување на ова низ кое проаѓам. Да, исцрпена сум, но овој умор е многу повеќе од обичен физиолошки умор. Се работи за психолошки, емоционален умор.

Уморна сум да бидам силна. Уморна сум од тоа секој ден да ставам насмевка на лицето и да чувствувам обврска дека морам да бидам супержена за сите и за сѐ.

Одеднаш се фаќам себеси како седам овде и како се чувствувам изгубено и несигурно и не знам во која насока треба да одам. Предолго време ги поттиснував моите чувства, но сега чувствувам како јас да сум таа која се разоткрива. Колку убаво звучи приказната за силната, независна жена која си е доволна сама на себе. Но, јас никогаш немав некаква амбиција да бидам таква жена, едноставно животот ме натера да се соочам со моите најголеми ноќни комшари, морав да научам да бидам силна, затоа што немаше никој покрај мене да ми помогне за време на моите најтешки моменти.

Но, сепак, еве ме, истрошена и исцрпена, прашувајќи се себеси дали еден ден некој ќе биде покрај мене како што јас бев покрај нив. Секогаш изгледав дека сум непогрешлива жена која може да направи сѐ. Кога другите ме гледаат, баш така ме гледаат. Тие ме гледаат како компетентна и способна, но мојата душа е исцрпена – ме гледаат сигурна и стабилна, иако одвнатре се распаѓам.

Имам чувство дека цел живот го поминав обидувајќи се да им докажам на сите дека сум силна и дека доволн е тоа што сум силна. Потрошив толку многу енергија за да бидам силна и да ги скријам своите вистински чувства дека сум навистина уморна. И сега јас сум таа која е исцрпена и бледа. Кога секогаш сте силни, обично ги поттиснувате своите желби и мисли, а понекогаш и чувства. Кога секогаш сте силни, внимавате да не ги споделувате проблемите со другите. Тоа го гледате како префрлувањето на вашиот товар врз туѓи рамена, а не сакате да го правите тоа.  

Вистината е дека баш на најсилните највеќе им е потребна помош. Сега гледам дека на сите ни е потребен некој кој е малку посилен од нас. Да, реков ПОТРЕБЕН, збор кој толку долго го избегнував, затоа што секогаш мислев дека има негативен призвук. Но, сфатив дека е во ред да не бидам силна. Често си велев дека никој не смее да знае ништо за моите борби, бев уверена дека не смеам да имам момент на слабост.

Што ако некој види дека крвариш?

Што ако некој ги види солзите кои ги чуваш за себе?

Што ако некој ги дознае твоите најдлабоки соништа и желби во животот?

Сега сум исцрпена од тоа мое хронично бегање од потребата да бидам ранлива. Копнеам некој да се грижи за мене, не финансиски, туку сакам силна рака околу моите рамена, некој кој може да ме држи на земја, колку и да ме разнесуваат животните ветришта. Јас сум економски независна, но не сакам да бидам психички најсилна во секој момент. Сакам некој да ме прегрне.

Нема ништо лошо во тоа да сакате некој да се грижи за вас. Не треба да се срамите од тоа. Тоа не е слабост. Тоа е вашата сила, затоа што на сите ни треба некој кој ќе нѐ потсети дека е во ред понекогаш да не бидеме силни.

Тоа е моќта на љубовта.

Секако дека можете и натаму да бидете силни за другите. Но, погрижете се тоа да доаѓа од силата која можете да ја задржите.