Јас се променив и никому нема да се извинувам за тоа

Секогаш повеќе сум сакала да слушам отколку да зборувам и секогаш требаше дупло повеќе да се трудам да се вклопам меѓу луѓето. Сакав да бидам присутна и да бидам забележана. Но, никогаш не сакав да бидам центар на внимание.

И сето тоа беше во ред, не ми пречеше. Решив дека подобро е да се согласувам со луѓето отколку да предизвикувам конфликт. Но, тоа не значеше дека сум имала договор со луѓето во моите живот дека никогаш нема да се променам. Никогаш не ветив дека нема да излезам од мојата школка и дека никогаш нема да почнам да се барам себеси.

И така почнав да растам и да се пронаоѓам себеси и сфатив дека имам глас и дека смачено ми е од тоа никој да не ме слуша.

Престанав да се плашам од тоа да зборам на глас за работите што ги сакам и за кои се грижам. Кога почнав да го правам ова, сфатив дека голем дел од луѓето со кои бев опкружена само ме користеле поради тоа што бев премногу тивка и правев се за да им угодам.

Болната вистина беше дека овие луѓе со кои го поминував целото мое време не се грижеа за ништо друго освен за себеси. Толку бев заслепена од мојата желба да се вклопам, што не сфатив дека постојано сум со луѓе со кои немам никаква допирна точка.

Го посветував целото мое време на луѓе кои ми го вртеа грбот секогаш кога ќе им се спротиставев за нешто. Во моментот кога ќе почувствуваа дека сум некаква конкуренција, веднаш почнуваа да ме изолираат.

Всушност тие се дружеа со мене, само за да правам да изгледаат подобро. И лута сум на себе, што дозволив некој да ме користи на таков начин.

Никогаш повеќе нема да бидам таа личност. И воопшто не ми е гајле дали некој мисли дека порано сум била подобра, затоа што јас навистина си се сакам онаква каквашто сум сега и нема да се променам за никого.

Единственото објаснување кое го имам е дека пораснав, се најдов себеси. И ако не ви се допаѓа тоа, се надевам дека нема да ве удри вратата додека излегувате од мојот живот.