„Јас Пинк Пантер“ од Оливера Ќирковиќ во Икона

Промоција на биографската книга „Јас Пинк Пантер“ од српската авторка Оливера Ќирковиќ се одржа вчера во новата книжарница на Икона. Поради големата заинтерсираност промоцијата ќе се одржи и денеска во новата книжарница - Икона која се наоѓа на ул. Ленинова бр. 3.

Биографската книга „Јас Пинк Пантер“ од српската авторка Оливера Ќирковиќ во продажба од следната недела.
Оливера Ќирковиќ ќе ги открие тајните, тактиките и внатрешната организација на најпополуранта организација во блиско минато - „Пинк Пантер“.

Македонската публика ќе има можност да ужива во амбиентот на новата книжарница, постави прашања, се запознае со Оливера и добие потпис на книгата.