Јас никако не можам да ја прифатам оваа „модерна“ љубов

Премногу сум зрела за да чекам да ја сфатиш мојата вредност. Немам проблем со постепено запознавање, ниту пак морам итно да ги запознаам твоите родители и да се вселам во твојот стан. Но, имам проблем кога се работи за комуникација која се одвива само преку пораки, без никаква средба „очи во очи“. Имам проблем кога со недели не можам да сфатам „на што сме“. Имам проблем со сомнежи и двоумења.

Премногу сум зрела за да играм игри. Ако се обидуваш да играш грубо и да кокетираш со други, спомнувајќи ми колку те посакуваат други жени, обидувајќи се да ми доловиш колку е полн твојот распоред за да направиш место за мене, тогаш ќе претпоставам дека не си заинтересиран и ќе продолжам понатаму. Нема да молам за твоето внимание. Нема да те уверувам и убедувам зошто треба да ме избереш мене. Ако се двоумиш меѓу мене и некоја друга, одбери ја неа. Немам намера да бидам утешна награда, туку единствен избор.

Премногу сум зрела за да се преправам. Ако кажеш нешто што ме збунува, нема да останувам будна навечер трудејќи се да те дешифрирам. Ако се однесуваш непристојно, нема да молчам. Јас ќе зборувам. Ќе ти кажам што чувствувам наместо да глумам дека не ми е ништо. Нема да ги поттиснувам своите чувства за ти да се чувствуваш подобро. Тоа не е мој стил. Нема да губам време на слушање на твоите приказни, ако не си подготвен да кажеш на сите дека сум твоја. Нема да ја вложувам мојата енергија во тебе кога не си сигурен дали нашата врска е вистинската и дали има иднина за нас. Јас сакам некој кој не се плаши да биде посветен и верен. 

Премногу сум зрела за да се чувствувам неудобно заради тоа што сум сама. Повеќе не се лажам себеси за тоа дека сѐ повеќе ми се зголемуваат шансите дека ќе останам сама. Повеќе не мислам дека ќе бидам посреќна во врска. Океј ми е и вака. Ако дојде до врска која има смисла, со задоволство ќе го отворам моето срце. Но, сѐ дотогаш, ќе останам сама.