Јас не го сонувам животот, животот ме сонува мене...

Ме прашуваат дали сѐ уште знам да сонуваме, иако одамна веќе престанав да носам детски чевли и ги облеков оние кои се само за каменити и долги патишта...

Ме прашуваат дали сонувам црно или бело, а со оглед на тоа дека животот најчесто е таков, јас им одговарам: 

Јас постојано сонувам во боја и ја бојам душата на непредвидливи платна кои можат да бидат избришани со првата тага. Но, не се откажувам. Моите бои се мешавина на радост и надеж. А како воопшто добив такви бои и што е она што ги одржува? 

Налетав на искрени срца и прекрасни пријатели, чисти и проѕирни срца, како кристали. И секоја нивна прегратка и поддршка се прелеваше од нивното во моето срце. Сфатив дека тие бои се дар од небото и ги земав да бидат моја животна палета.

И моите соништа се проткаени со нивната љубов. За нив, прагот на мојот дом е секогаш украсен со рози и сонцето секогаш ги чека, дури и ако завесите понекогаш целосно го покриваат прозорецот. 

Покрај нив, јас можам да бидам слободна како дете на топол песок, чии родители не се грижат за сонцето и длабочината на водата. Некој, некаде таму горе, го чува тоа дете и го следи со грижлив поглед. 

Ме прашуваат, дали некогаш ќе престанам да сонувам?

А јас велам: Не можам, затоа што јас не го сонувам животот, животот ме сонува мене!