Работа

Венера која владее со вашето поле на кариера и работа од 5-ти јули до крајот на месецот ќе минува низ знакот на Близнаци и вашето поле на услуги. Со оглед на променливоста на Близнаците, тоа ви носи и промени на работа, а голем дел од нив се добри за вас. Исто така ќе бидете во можност и да ја смените работата.

Ќе остварите добра соработка со своите колеги и соработници, а ќе имате и подобра соработка со странките и клиентите. Успех ги очекува оние кои се занимаваат со трговија, занаетчиство, накит или нешто што е поврзано со мода и дизајн. Почетокот на месецот носи нови идеи, а дел од нив ќе бидат навистина успешни. Вториот дел од месецот носи можности за напредок и евентуално унапредување.

Во текот на јули ќе имате можност да го подобрите салдото на својата сметка. Поволни денови за тоа се 14-ти и 19-ти јули, додека пак на тешкотии ќе наидете на 24 јули кога Венера создава опозиција со Сатурн кој владее со вашето поле на парите. Тие денови избегнувајте да вложувате пари и не се занимавајте со работи со коишто не сте се занимавале досега.  Секако ќе настане застој на полето на парите.

Љубов

Ако сте во врска: Во првата половина на месецот, вашит еодноси со партнерот ќе бидат многу нестабилни. Марс и Сонцето минуваат низ вашето поле на бракот и љубовта и прават опозиција со Плутон во вашиот знак. Ќе дојде до несогласувања, напнати односи и силни бурни реакции од двете страни, кои можат да доведат до прекинување на односот.

Другата половина на месецот обидете се да ја искористите за прифатливи решенија и компромиси со кои ќе успеете да ги надминете недоразбирањата. Во тоа ќе ви помогне само добрата волја и разговорот. Ако не се потрудите, тешкотиите ќе продолжат. Избегнувајте да криете работи од својот партнер. Бидете искрени за да ги решите несогласувањата.

Ако сте слободни : Површниот однос на личноста која ви се допаѓа може да ве одалечи од неа и да ви донесе неуспех во оваа прикзна. Многу зборови, а малку дела. Тоа нема да ви овозможи успешна врска, а вие го знаете тоа. Овој пат наидовте на “тврд орев“ и ќе биде неопходно да се потудите и да докажете дека сте достојни, за да ви обрне внимание таа личност. Ако успеете да минете низ ваквите игри и испити, тогаш можно е да започнете врска.

Дел од Јарците ќе се соочат со недостаток на волја и трпение да влезат во нова врска бидејќи повеќе ќе им годи осаменоста.

Здравје

Венера има за моќ да ве направи порасположени и поопуштени, но и поотпорни на стрес во текот на јули. Ќе се движите и ќе ви годи слободното време да го минувате надвор, во природа и во друштво. Исхраната треба да биде умерена и релативно лесна, бидејќи само тоа ќе ви овозможи подобро чувство во интензивниот јули.