Јапонската уметност на живеењето: Секој ден е посебен!

„Ичиго Ичи“ е јапонска филозофија за животот и нѐ потсеќа на тоа дека секо јден е посебен и секој момент е бескрајно вреден. Еднаш кога ќе си замине, никогаш повеќе нема да се врати. Ичиго Ичи во суштина го означува пронаоѓањето на среќата во сегашноста. Секоја средба, сѐ што ќе доживееме е уникатно искуство кое никогаш нема да се повтори на ист начин: ако му дозволиме на моментот да ни се лизне од раце без да уживаме во него, тој е засекогаш изгубен. Ичиго Ичи нѐ потсетува дека секое утро е посебно, секој момент поминат со нашите деца и сакани е бескрајно вреден и го заслужува нашето целосно внимание. Воведувањето на овој начин на размислувње ќе ви овозможи посреќен и поисполнет живот без да се оптоварувате со минатото или да се грижите за иднината. Ќе ве научи да живеете во сегашноста и да го цените секој момент. Поради тоа, денес ви ги претставуваме петте основни принципи кои ја красат оваа јапонска филозофија: 

Ценете го секој момент од вашиот живот

Кога еднаш ќе си замине, нема да се врати. Наоѓајте нешто убаво во секој нов ден и не чекајте родендени за да прославите нешто – животот сам по себе е доволна причина за славење. 

Бидете присутни

Патувањата во минатото и иднината знаат да бидат исцрпувачки, болни и речиси секогаш бескорисни. Не можете да го промените она што се случило, ниту да предвидите што ќе се случи. Сѐ што ви е загарантирано е токму овој момент тука и сега.

Направете нешто што никогаш не сте го направиле

Како што Ајнштајн еднаш рекол, не може цело време да ја правите истата работа, а да очекувате поинакви резултатите. Упатете се кон нешто ново и возбудливо, нешто што ќе ве оттргне од секојдневието и ќе ви покажете дека на светот има прекрасни моменти за кои вреди да се живее.

Користете ги сите вашите сетила

Прифатете ја уметноста на слушањето, гледање, допирањето, вкусувањето и мирисањето за да можете на секој момент да му дадете значење. Тоа ќе ви овозможи да бидете внимателни кон другите и да ја зголемите емпатијата и разбирањето. 

Обрнете внимание на случајностите

Свесноста околу случајностите ви помага да бидете подобри во читање на знаците кои ви ги пратил Универзумот. Не е лошо да си водите дневник во кој можете да ги забележувајте секојдневните магии, бидејќи тоа ќе ви ја зголеми способноста за следење на магичните нишки во реалноста.