Јапонска техника која го отстранува стресот за 5 минути

Живееме во време полно со проблеми, обврски, рокови и многу стресови. Докажано е дека стресот може да влијае лошо врз целиот организам и сериозно да наштети на нашето здравје.

Денес ве покануваме да ја испробате оваа древна јапонска техника за ослободување од стресот за која нема да ви бидат потребни повеќе од 5 минути и можете да ја правите секаде.

За да можете да ја применувате оваа техника, важно е да знаете што претставува секој прст од раката.

Палецот  помага во борбата против анксиозноста и загриженоста.
Показалецот помага во борбата против стравот.
Средниот прст помага при контролирање на лутина и огорченост.
Четвртиот прст помага при борбата со депресија и тага и помага да бидете поодлучни.
Малиот прст помага при ублажување на вознемиреноста.

Методот

За да ја хармонизирате животната енергија во телото, фатете го прстот со спротивната рака, виткајќи ги сите прсти и палецот околу нив. Држете го секој прст околу една или две минти. Ќе знаете дека функционира кога ќе почувствувате пулсирање во прстот.  За да го смирите умот, малку пристиснете ја средината на дланката со палецот од спротивната рака и држете ја таа позиција една минута.

Секој ден практикувајте ја оваа техника за да бидете смирени и балансирани.